Денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“. Пред почетокот на судењето Бојан Јовановски, познат уште и како Боки 13 ѝ дофрли на обвинителката Вилма Рускоска која во тој момент влезе во судницата. Поради недоличното однесување полицијата накратко го изнесе од судницата.
„Корумпирана обвинителке, затоа што имам малигнитет вие со сила вршите тортура врз мене“- рече Јовановски.
Адвокатот Петкова Катерина побара одложување на рочиштето поради болки.
-Имам малигнитет, откриени при гастроскопија не прифаќам итната помош да ми даде дијазепами. Подобро ќе седам со болки, рече Боки.
Тој утрово бил прегледан од затворскиот лекар кој му измерил притисок, но чуствувал органски болки.
-Мојата здравствена состојба не е добра, имам рак на желудник на 33 години поради прогресија на болеста во притвор, рече Боки откако вчера добил нова дијагноза по извршената гастроскопија.
На претходните рочишта, минатата недела, Јовановски изјави дека има силни докази за криминал тежок 4 милиони евра на Рускоска. Потоа испрати и писмо до јавниот обвинител Љубомир Јовески и барање да се сретне со него околу криминалот на Рускоска.