Хаџи Мишев за криминалот на Владата и на ТЕ-ТО: Со добивка од 120 милиони евра им простуваат данок

Здружението за заштита на правата на акционерите во Топлификација АД-Скопје денеска одржа прес-конференција на која посочија за незаконското доделување на државна помош на фирмата ТЕ-ТО во текот на октомври месец 2019 година.

Напоменаа дека не е јасно како институциите кои учествувале во одлуката за доделување на државна помош, а како најважна ја соменаа Комисијата за заштита на конкуренција, имала аргументи да даде таква државна помош во услови кога фирмата има 120 милиони евра добивка, а државата да и помага во плаќањето на данокот на добивка.
Уште понејасно е таа одлуката за државна помош се носи неколку месеци после поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција против ТЕ-ТО, одговорни лица во фирмата, стечајната судијка за штета направена на Топлификација АД, дополнително на тоа финансиската полиција поднесува кривична пријава за перење на пари од 150 милиони евра – рече директорот на поранешна топлификација, која сега е во стечај, Димитар Хаџи Мишев.
Според Хаџи Мишев необјасниво е како може да се даде државна помош за да се поддржи планот за реорганизација на фирмата која е во постапка, а за која Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава.

Од Здружението велат дека се обратиле до речиси сите институции од каде наишле само на молк, единствено на една од средбите во УЈП добиле информација дека одлуката за доделување на помош на Комисијата на заштита на конкуренција до денеска не е објавена во Службен весник, што според Хаџи Мишев значи дека е ништовна.

На прес-конференцијата испратија три барања до надлежните институции во кои, Комисијата за заштита на конкуренцијата веднаш ќе ја преиспита својата одлука за оправданост на државната помош дадена на ТЕ ТО АД. Основното Јавно Обвинителство на најкраток рок да го потврди делото во врска со кршењето на Законот за трговски друштва, со што лажниот стечај на ТЕ ТО АД ќе биде ништовен, и трето, до реализацијата на претходните две активности да се стопира стечајната постапка на Топлификација АД за да не се направат ненадоместливи штети на оваа фирма.

За стечајот на Топлификација судот ќе одлучува во понеделник.