Денес во посета на Битола беше техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Што да се каже за човек чија персонална одлика е неговата неспособност и криминогеност, a негова заштита е еден запирка советник, кој во овие неколку години седење во советничките клупи кажа само дека Наташа немала семафор во спалната. Од каде го знае тоа, веројатно ќе го праша сопругот на Наташа. Нивна равота.
Ние од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола го пречекавме Спасовски и го поздравивме од младите кои секојдневно за време на неговото раководење со МВР се соочуваа со злото на 21виот век, дрогата.
Кога подобро ќе размислиме, да, исто така времето поминато во МВР на Оливер Спасовски можи да се одбележи со најголем број нерасветлени криминални случаи како на пример што беше Рекет, тепањето на полициска службеничка, убиства, вооружени кражби, вооружени пресметки, запалени автомобили, тепање на граѓани од страна на градоначалници и секојдневни бегства од затворите кои оваа власт ги претвори во шеталишта.
Сепак, ние мислевме дека најнеспособниот премиер ќе биде Зоран Заев, но ете, тоа беше до денот на промовирањето на Оливер Спасовски за наследник на Зоран Заев, та сега ни останува само дачеститаме.
Оливер Спасовски вие сте најнеспособната личност во политиката. Се вели во Фејсбук статусот на младите на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.