
Во првиот меч од 21-то коло на германската Бундеслига во петокот вечерта, Ајнтрахт пред своите навивачи во Фанкфурт со 5:0 го победи Аугсбург.
Победата на домашните им ја донесоа Американецот Тимоти Чендлер со погодоците во 37 и 48 минута, Португалецот Андре Силва во 55 минута, а двоен стрелец беше и Србинот Филип Костиќ во 89 и 90 минута.
Ајнтрах моментално е деветти на табелата со 28 бодови, а Аугсбург е 11-ти со 26 бодови.
Во сабота се играат натпреварите Волфсбург – Фортуна, Фрајбург – Хофенхајм, Шалке – Падерборн, Херта – Мајнц, Вердер – Унион Берлин и дербито меѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд, Во недела на распоредот се дуелите Борусија Менхенгладбах – Келн и судирот меѓу водечкиот Баерн Минхен и второпласираниот РБ Лајпциг кој има еден бод помалку.