
Ширум светот утре ќе биде одбележен Денот за сигурен интернет, а според податоците на УНИЦЕФ, децата сочинуваат една третина од вкупниот број интернет корисници, пренесуваат агенциите.
Меѓу најчестите ризици на кои децата се изложени се: собирање лични податоци, лажни вести, загрозување на приватноста, злоупотреба во комерцијални цели и изложеност на штетни и вознемирувачки содржини, соопшти дигиталната агенција Нимикс.
Истражувањето на УНИЦЕФ „ Сигурност на интернет за целото семејство“ покажа дека помалку од 10 отсто деца на возраст од четири до осум години не користат дигитални уреди, а некои деца пристапуваат на интернет пред својата трета година.
Истражувањето наведува дека најчесто активностите на децата на интернет се консумација и репродукција на видео и фото содржини, слушање музика и играње видео игри.
Податоците покажуваат дека 80 отсто од учениицте слободното време го минуваат со игри, па, затоа истакнуваат дигиталната технологија активно учествува во обликувањето на начинот на кој децата комуницираат и на кој се дружат.