
На денешното рочиште за случајот „Рекет” беа презентирани фотографии од домот на Катица Јанева. На две од нив, Јанева седи на гарнитура, а на масата пред неа стои и снопче со пари, со банкноти од по 500 евра.
Во судот се презентираше и снимка на која се гледа снопчето со пари, а Јанева вели: „Што ќе одлучат – ќе видиме“.
Фотографијата од Јанева со снопчето евра е направена на 4. февруари 2019.