
Бројот на заразените со новиот сој коронаворус кој од вторникот го има официјалниот назив COVID-19, достигнал 33.366 луѓе од кои починале 1.068, а оздравеле 2.639 пациенти, соопшти во средата по локално време здравствената комисија на централната кинеска провинција Хубеи.
Во провинцијата се регистрирани 1.638 нови случаи на зараза во последните 24 часа, од кои 1.104 случаи во 11,5-милионскиот административен центар Вухан, епицентарот на ширењето на вирусот.
Во вторникот властите информираа за повеќе од 31.700 пациенти, 974 жртви и 2.222 закрепнати од болеста. Според обновените податоци, официјалното ниво на смртност изнесува околу 3,2 отсто, во споредба со 3,07 отсто ден порано.
Како што се наведува во сооопштението на здравствените власти на Хубеи, бројот на заразените лица во Вухан, надминал 19.500 лица. Следат градовите Ксјаоган и Хуанган, каде бојот заразени е околу 2.700 односно 2.300 луѓе.
Покрај тоа, во Хубеи повеќе од 11.200 луѓе се сомнителни на вирусот и се ставени во карантин. Под надзор на лекарите се и повеќе од 77.100 жители кои имале близок контакт со заразените.