Жените не водат сметка само за борите на лицет, салото на стомакот или целулитот на задникот. Големо внимание во последно време се посветува и на најинтимниот дел од женското тело – вагината, па така секој ден се’ повеќе има третмани кои можете да ги пробате за да ја средите својата интимна зона.
Подмладување на вагината
За третманите против стареење веќе одамна знаеме, но жените се’ почесто сакаат да ја подмладат и својата вагина. Комбинирајќи ги зборовите вагина и третманите на лице настана поимот „вагациалс“. Вагината прво се третира со лековити билки, а потоа срамните усни се нијансираат со нешто потемни нијанси за да се создаде илузија на младешки изглед.
Ако ви се досадила бразилската депилација, класичната линија или било која друга „фризура“ која ја имате, можеби би требало да пробате нешто ново. Бричење на влакненцата во луди облици или украсување со Сваровски кристали можеби се идеално решение за вас.
Вагинално руменило
Да, и тоа постои! Ако вашите усни не се доволно розови или се барем недоволно според вашиот вкус, ставете руменило! А, ако сакате некое трајно решение побарајте крема за избелување на срамните усни која ќе ги направи посвежи и поживи.
Тетоважи
Доколку сакате да го зачините сексуалниот живот или барем да и’ подарите малку сјај на својата вагина размислете за тетоважа. Не мора да бидете радикални и да се обележите до крајот на животот освен ако не го сакате тоа, бидејќи постојат и привремени тетоважи. И притоа не мислиме на оние што траат неколку недели и изгледаат како вистински, иако и тие не се лоша идеја.
Мислиме на специјалано подготвени тетоважи смислени баш за вашата вагина кои се направеи од златна хартија налик на фолиија. Траат недела дена и едноставно се отстрануваат, а бидејќи се прават рачно можете да креирате апсолутно се’ што ќе ви текне.