
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во вклучувањето на телевизија 24 истакна дека единствената цел на Законот за јавно обвинителство е СДСМ, односно власта да се заштити од кривичните дела кои ги стори изминатите три години.
Посочи дека во Собранието беше организирана јавна дебата токму за Законот, а правните експерти имаа низа забелешки за законот, но власта не прифати ниту една од забелешките.
„Во процедура имаме закон за јавно обвинителство за кој што имаше јавна расправа и од чија што јавна расправа не беа прифатени забелешките на експертите од оваа област. Се пушти законот во кратка постапка со одложено дејство за 4 ипол месеци. Навистина не гледам причина зошто тоа би се направило доколку не ја имаме едната и единствена причина, обид на власта за бегство односно за заштита со законот за јавно обвинителство и неможност за одговарање од одредени кривични дела кои што оваа власт изминативе три години ги има направено“, доде Мицевски.