Стаменковска: Заев за потребите на маршот сака да впрегне над 40.000 вработени во администрацијата

На првиот ден по распуштањето на Собранието, од рано наутро пристигаат до мене повеќе информации и поплаки дека Зоран Заев врши притисок на администрацијата преку своите функционери, пишува на социјалните мрежи Невенка Стаменковска Стојковски, заменик министер за информатичко општество и администрација во техничката влада.

-Имено за потребите на партискиот марш на Зоран Заев се обидува да ја злоупотреби администрацијата и да ги впрегне над 40 000 ново вработени во јавниот сектор за лични и тесно партиски цели. Администрацијата НЕ смее да се злоупотребува и секој обид на Зоран Заев да се спасува преку притисоци и уцени врз вработените во јавниот сектор директно го нарушува изборниот процес и ја загрозува европската перспектива. Јас и мојот кабинет, на сите вработени во јавниот сектор кои ќе почувствуваат закана, уцена или било каков притисок, ги мотивираме веднаш да не известат и заеднички да спречиме злоупотреба на администрацијата и институциите за партиски цели. Пријавите може да ги доставувате на: [email protected], пишува Стаменковска Стојковски на Фејсбук.