Горивата од полноќ по повисока цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,84 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 10.02.2020 година.

Од ноќеска на полноќ на 18.02.2020 година, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар и сега малопродажната цена за ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 ден/лит, додека за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе изнесува 46,50 ден/лит, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,246 ден/кг и ќе изнесува 33,140 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ 00:01 часот на 18.02.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 66,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 68,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 58,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 46,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,140 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 0,35%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 1,19%, кај екстра лесното масло има зголемување во просек за околу 0,64%, додека кај мазутот има намалување во просек за околу 0,24%, но земајќи го во предвид растот на курсот на денарот во однос на доларот од 1% во изминатиот седумдневен период извршено е соодветно прилагодување.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.02.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.