Птичји грип на фарми патки во Бугарија

Бугарската агенција за безбедност на храната извести во понеделникот дека во јужна Бугарија во градот Раковски се појавил вирусот на птичји грип H5N8.

Сите 5.380 патки на фармата ќе бидат усмртени, соопшти надлежната агенција, и додава дека ова е прв случај  на појава на овој вирус во Бугарија во последните десет месеци.

Околу фармата е воспоставена заштитна заона од три километра околу градот Раковски и десет километри од фармата, а во нае е забрането движење на домашни, диви и други птици, како и продажба на јајца и преработки од живина. Во трикилометрската зона има 25 а во десеткилометрската уште 24 живинарски фарми со повеќе стотици илјади патки и кокошки.