
Починал шефот на главната болница во Вухан кој беше епицентар на епидемијата со коронавирусот.
Лиу Жиминг, директорот на Вухан болницата починал во 10:30 часот по локално време. Тој е вториот истакнат доктор кој почина од последиците од коронавирусот. Неговата смрт беше потврдена денеска.
Претходно, почина и Ли Венлианг, кинески доктор кој прв предупреди на опасноста на коронавирусот.