Заменик-началник на струмичката полиција маршираше со Заев

Забелешката што постојано и’ се наметнува на СДСМ, а за која во континуитет се нема волја, а веројатно ниту се сака да се поправи, е фактот за присуство на полициски службеници на олитички миитинзи.
Истото важи и за владини функционери кои немаат храброст да прифатат и да покажат  барем етички став кој би требало да служи за пример. Бидејќи пред сѐ, тие треба да ги застапуваат интересите на сите граѓани на Македонија, а не на одредена политичка партија.

Еден од „стандарните“ примери е и Танчо Пројковски, дополнителен заменик началник на СВР Струмица, кој беше присутен на маршот за правда кој го организираше СДСМ, во понеделникот во Скопје.

Ако го оставиме на страна етичкиот момент, Законот за полиција јасно укажува дека полициски службеник не смее да присуствува на патриски митинзи и активности.
А, друга злоупотреба би била и доколку тој присуствувал на ваков политички собир, во период кога би требало да ги извршува своите работни обврски.

Танчо Пројковски беше именуван за началник на струмичката полиција веднаш по доаѓањето на функција на Оливер Спасовски. Тој важи за послушен партиски кадар, и е татко на бодигардот на Заев, Даниел Пројковски.

Додека ја извршуваше началничката функција, за неговото име се поврзуваа повеќе скандали. Во медиумите се пишуваше дека Пројковски во директна комуникација со началникот на крим поицијата му „понудил“ самиот да си даде отказ од позицијата, а откако одбил, Пројковски покренал дисциплинска постапка против него.
Уште на стартот која тој станува началник, незаконски биле покренати три дисциплински постапки против тројца високи старешини и тоа, началникот на криминалистичката полиција, командирот на ПС Гевгелија и ПС Вландово. Притоа, грубо биле прекршени сите процедури за поведување на дисциплинска постапка, кои биле покренати откако наведените старешини одбиле сами да си заминат, по што започнале и притисоците.