Опоравување на штетите од поплавите во регионот до 2018 година

Координаторката на Обединетите нации во Србија, Ирена Војачкова Солорано, за српскиот весник „Блиц“ изјави дека заздравувањето од штетите предизвикани од поплавите во регионот ќе трае до 2018 година.

На прашањето кои здравствени ризици се закануваат, Солорано истакна дека на прво место е контаминација на водата, бидејќи водоснабдувањето претставува потенцијален извор на зараза. Втор проблем се луѓето што веќе биле болни и кои поради несреќата останелe без лекови и неопходни терапии. Таа додаде, дека голем проблем претставуваат и сите здравствени установи што се руинирани и не се функционални.

Според координаторката на ОН сите треба да сфатат дека ќе бидат потребни години државата да заздрави од штетите.

„Сметам дека природно е да се стави фокус на енергијата, земјоделството, здравството и наводнувањето“ – нагласи таа.

Ирена Војачкова Солорано истакна дека ќе бидат пресметани штетите од поплавите, а владата на Србија треба да направи план и да повика донатори што ќе го забрзаат развојот во иднина.