Поради сомнение дека истекува гас со лош мирис во индустриска зона во Тајланд се евакуирани неколку илјади жители.
Најверојатно се работи за истекување на хлор од некоја фабрика, а состојбата ја искомплицирале неколку помали шумски пожари во близина на индустриските комплекси.
Гасот не предизвикал поголеми здравствени проблеми кај населението. Директна последица е забележана кај две деца и една повозрасна личност, но тие по лекарската интервенција биле пуштени на домашно лекување.