Јужна Кореја во четвртокот го потврди првиот смртен случај како последица од заразувањето со новиот сој коронавирус Covid-19, а бројот на заразените лица надмина сто од кои половината се припадници на една секта од градот Даегу.
Бројот на заразените се удвоил во последните 24 часа, по силниот раст на бројката на заболените во Даегу, град со 2,5 милиони жители и втор најголем во Јужна Кореја.
Во четвртокот Центарот за превенција на болестите објави за 51 нов случај на зараза со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицираните во Јужна Кореја достигна 104 пациенти.
Меѓу нив голем е бројот на верниците на Црквата на Шинчеонџи, или Храмот на скинијата на сведоштвото, а станува збор за црква која се смета за секта. Властите објавија дека 61-годишна жена заразила најмалку 47 верници и стравуваат дека бројката може да се зголемува
Кај таа жена зголемената темепература е забележана на 10-ти февруари, но таа во два наврата одбила да биде тестирана на новиот коронавирус, со изговор дека не била во странство. Присуствувал на најмалку четири миси на сектата и е дијагностицирана како носителка на вирусот. Градските власти на Даегу изјавиле дека 1.001 верниик на Црквата Шинчеонџи биле на истите миси како и носителката на вирусот.
Црквата Шинчеонџи тврди дека нејзиниот основач Ли Ман-хе се наметнал со облеката на Исус Христос и дека на Судниот ден во рајот ќе поведе 144.000 луѓе.
Вкупно заразата е дијагностицирана кај 64 лциа во градот Даегу и покраината Северен Гјоенгсанг на истокот од земјата Јужна Кореја.