Реномираниот македонски поет Никола Маџиров учествува на меѓународниот поетски фестивал во Фиренца „Вочи лонтане, вочи сореле“ кој се одржува 12-ти пат.
Утре тој ќе настапи заедно со италијанскиот поет Нани Белестрини (1935), припадник на неоавангардното движење во италијанската литература во шеесеттите години од минатиот век. Поезијата на Маџиров ќе се чита на македонски и италијански јазик. Негови песни беа објавени во неколку италијански поетски списанија, меѓу кои „Ателје“ и најстарото и најтиражно списание „Поесиа“.
По Фиренца, Никола Маџиров ќе настапи на меѓународниот фестивал за поезија, музика и визуелни уметности „Софија: Поетики“ што се одржува во Софија од 13 до 15 јуни.