Кумановци нелегално приредувале игри на среќа

Кумановците Н.А.(44), А.А.(22), М.А.(20), А.Ј.(19) и А.И.(22)  добија кривична пријава бидејќи приредувале игри на среќа без лиценца, со што затајувале данок. Првопријавениот бил организатор, а останатите му помогнале.

Првопријавениот во текот на 2013 година и почетокот на 2014 година во два деловни објекти лицирани во с. Опае и с. Отља преку своите синови А.А. и М.А. организирал и приредувал игри на среќа без да поседува издадена лиценца односно дозвола од надлежен орган за секој објект посебно, при што во целост ја одбегнал давачката за надомест за лиценца во износ од 12.915.000 денари за која сума го оштетил буџетот на Република Македонија. Исто така со намера да ги измами корисниците на услуги, неовластено употребил натпис на туѓа фирма на тикетите во обложувалницата во с. Опае, додека четврто пријавениот во својство на работник и петто пријавениот како сопственик на објектот во с. Опае на прво пријавениот му помагале во извршувањето на кривичните дела