
Според привремениете официјални резултати, Социјалдемократиската партија на Германија SPD во неделата победила на изборите за локалниот парламетн во градот – сојузна земја Хамбург, а десната евртоскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија AfD според првичните процени сепак го минала изборниот праг, наспроти претходните проекции.
Ноќта кон понеделникот изборната комисија за Хамбург соопшти дека SPD освила 39, Земелните 24,2 на Христијанско-демократската унија (CDU) 11,2 отсто од гласовите, по кои следат радикалната лева партија Левица со 9,1 па AfD со 5,3 и Либералано-демократската партија (FDP) со 5 отсто од гласовите.
Во Хамбург, поради големиот број комбнинации кои им стојат на располагање на гласачите, прербројувањето за околу 1,6 милиони изборачи трае подолго отколку во другите сојузни земји.
Досегашниот и најверојатно и иден градоначалник- премиер на Хамбург, Петер Ченчер од SPD веќе најави разговори со партијата Зелени за продолжување на нивната коалиција која на власт во овој град – сојузна земја е од 2015 година.
Генералниот секретар на CDU, Паул Зиемјак, изјави дека најсланиот резултат на демохристијаните во Хамбург во повоена Германија е „горко искуство“. За лошиот разултат ги обвини превирањата во врвот на партијата откако во Тирингија локалниот CDU заедно со AfD ги поддржа изборот на кандидатот на FDP, со што беше попречен изборот на кандидатот на Левица која не можеше да се договори за поддршка со SPD. Поради ваквата соработка, челничката на CDU, актуелната министерка за одбрана Анагрет Крамп-Каренбауер, која се смета за политичко протеже на Меркел, најави повлекување.
Најголеми прилив на гласовите во споредба со претходните избори забележаа Зелените кои освоија 11,9 отсто повеќе гласови. Истовремено се забележува продолжување на трендот на пад на популарноста на големите партии. Така SPD загубила 6,6 а CDU 4,7 отсто од освоените гласови во 2015-та.
Од AfD за лошиот резултат во Хамбург ја обвинија медиумската кампања којашто оваа партија ја поврзуваше со расистички мотивираниот терористички напад во Ханау во средата во кој беа убиени девет лица, иако убиецот не бил поврзан на ниеден начин со оваа партија.