Рекорд на Кавани во „голометот“ на ПСЖ и Бордо

Во последниот меч од 26-то коло на француското фудбалско првенство, актуелниот шампион Пари Сен Жермен на својот „Парк на принцовите“ го победи Бордо со 4:3, во кој двете екипи имаа уште низа нереализирани шанси.

ПСЖ до 21-та победа сезонава стаса многу потешко отколку што се очекуваше. Бордо поведе, имаше и 2:2 а потоа и неколку шанси за ново водство, за во последните пет минути да го притисни шампионот за 4:4, но не успеа.

Гостите повеода во 18 минута со голот на Кореецот Хванг Уи-џо, а само седум минути подоцна на нафрлување од Анхел ди Марија израмни Единсон Кавани со рекордниот 200-ти погодок во дресот на ПСЖ. Уругваецот Кавани и пред овој дуел беше најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, а од неделата вечерта стана и првиот кој стасал до бројата од 200 погодоци. На второто место е Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ со 156 годови, додека трет е Португалецот Педро Паулето со 109 голови. Од активните играчи Килиан Мбапе е на осмото место со 84 голови.

ПСЖ направи резултатски пресврт на почетокот од судиското продолжение на првото полувреме, кога Маркињос среќно со раме погоди на уште едно нафрлување на ди Марија. Но кога се чинеше дека ПСЖ на одмор ќе замине со предност, Бордо израмни по подаркото од домашниот голман Серхи Рико кој расчистувајќи повратна топка го погоди Пабло од кого топката се одби во голот. Шпанскиот голман катастрофално реагираше и во 49 минута, кога однови на гостите им подари топка, но Николас де Превил и Самуел Кали не реагираа најдобро.

Парижаните стасаа до нова предност во 63 минита, кога во една гужва во гостиснкиот шеснаесетник најдобро се снајде Маркињос постигнувајќи го својот втор погодок на мечот. Шест минути подоцна ПСЖ имаше веќе предност од два гола разлика, по одличната акција на Кавани и Мбапе која ја заврши младиот француски напаѓач за 4:2. Бордо одбиваше да се предада и во 83 минута намали преку Рубен Прадо, а во последните моменти имаше и бројна преднос откако поради втор жолт картон беше исклучен Нејмар.

Рен го победи Нимс со 2:1 скокнувајќи на третото место на табелата. Домашните стасаа до важна победа иако гостите поведоа по само 33 секунди игра со голот на Нолан Руз. Израмни Мбаје Нианг во 7 минута, а веројатно клучниот момемет на мечот се случи во 53 минута кога гостите останаа со играч помалку поради исклучувањето на Тони Брианкон. Бројната предност Рен ја искористи во самоата завршница, кога втор гол вечерва постигна Нианг.

Сен-Етјен и Ремс одиграа 1:1, домашните поведоа во 73 минтуа преку Дени Бианг, а израмни Булеи Диа од пенал во четвртата минута од судиското продолжение.

ПСЖ води на табелата со 65 бодови, Марсеј е втор со 52, а Рен е трет со 44 бодови.