Македонски граѓани од Италија не минале низ медицински контроли на аеродром

Додека министерот Филипче убедува дека се засилуваат контролите на граничните премини и на скопскиот аеродром, македонските граѓани кои викендов пристигнале во државата од Италија, тврдат дека не поминале никакви медицински контроли заради корона вирусот, пишува НОВАТВ.

Епидемијата на корона вирусот почна да ги враќа македонските граѓани кои живеат во Италија, назад во земјава. Викендов многу македонски граѓани пристигнаа со двата авиона кои слетаа на скопскиот аеродром. И покрај безбедносните мерки за кои надлежните тврдат дека се применуваат, во саботата патниците не поминале низ никаква контрола на скопскиот аеродрмо, никој не ги пречекал, не поминале покрај термалната камера, таму немало нити медицинска екипа. Авионот на Визер бил преполн, а во него имало многу македонски граѓани. Една од нива е Оливера Јовановска која живее во провинцијата Мира, во областа Венеција токму каде што се појави првиот заболен случај.

„Во саботата слетавме на скопскиот аеродром и јас очекував контрола. Во авионот имаше многу македонски граѓани, десеттина од нив беа со медицински маски. Се изненадивме што никој не не пречека, не ја видовме и не поминавме проверка со термалната камера, никој не ни даде упатства како да постапуваме понатаму, немаше лекарска екипа. И на аердромот во Италија, пред полетување немаше медицински тим. Ние си ги знаеме препораките кои што беа издадени во областа каде што живееме и ги почитуваме“, изјави за НОВА, Оливера Јовановска, која со семејството е на однапред планиран одмор, а во Скопје ќе остане до 1 ви март кога завршува распустот на децата.

Целиот текст на НОВАТВ.