
Огромен број на незадоволни и разочарани граѓани од актуелната власт вчера излегоа на протест, кој беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ. На граѓани вчера се приклучија на повикот на ВМРО-ДПМНЕ за протестен марш против неправдите.
„Заев е виновен“, „Ниту правда ниту мир“, „Стоп за Заев и мафијата“, „Одговорноста доаѓа“, „Заев: Сум се договорил со Јово“, „Вилма- адвокат на мафијата“, „Заев е виновен“, се само дел од написите на транспарентите кои ги држеа граѓаните на протестот.
Според проценките над 20.000 граѓани излегоа на маршот кој започна од пред Јавното обвинителство, а заврши пред Врховниот суд.
Инаку за време на маршот повторно се пушти и бомбата на ВМРО-ДПМНЕ која беше повод за организирањето на овој собир.