1.8 C
Skopje
среда, јануари 8, 2025

Трипуновски поднесе три кривични за скандали во Министерството за земјоделие

Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски денеска беше во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Тој таму поднесе три кривични пријави против Трајан Димковски и други поврзани лица за низа кривични дела кои оваа власт ги стори во минатото.

-Денеска бев во ЈО на Републука Македонија, поднесов три кривични пријави против Трајан Димковски и други поврзани лица за низа кривични дела кои оваа власт ги стори во минатото.

Продолжувам со обелоденување на скандалите на СДСМ во земјоделството. Одговорност ќе има. Доколку обвинителството молчи, се ќе биде процесуирано по 12 април, откако ќе се ослободи правната држава и ќе завладее правото.

Нулта толеранција за криминал. Одговорност за сите кои се огрешиле пред законите, стои во неговиот пост на Фејсбук.