Жена е петтата жртва во трагедијата во Романовце

Во средата во 13.20 часот, на тешките повреди и раните им подлегна 36-годишната пациентка, која беше во критична состојба, потврди директорот на Ургентен Центар, Илир Хасани.

Досега, од експлозијата на плинска боца во Романовце, животот го загубија три деца на возраст од осум, девет и единаесет години и 58-годишен маж.

Во Ургентниот центар се наоѓаат и двајца други лица, кои се во тешка состојба. Двајца други пациенти се Клиниката „Свети Наум Охридски“.