
Поради слична состојба, италијанските власти соопштија во вторникот дека отвориле истрага за остриот скок на цените на заштитните маски и гелови за дезинфекција на рацете по појавата на новиот тип коронавирус на северот од земјата.
„Одлучивме да покренеме истрага по медиумските извештаи за налудничаво високите цени по коишто овие производи се продаваат на интернет последните два дена“, изјави заменичката на миланскиот државен обвинител Тицијана Сичилиано.
Многу аптеки наведуваат дека имаат недостиг од заштитни маски и гелови за дезинфекција на рацете и многу граѓани се вртат кон интернет каде што цените на овие артикли се вивнаа. Цените на маските на интернет пораснаа од еден евроцент на дури 10 евра, а шише од средство за дезинфекција од 7 евра минатата седмица се искачија на 39 евра во понеделникот.