
Медиумската групацијата „Клип медија“, во соработка со Институтот за истражување и развој „Стратум R&D“, спроведе истражувачки проект за ставовите и перцепцијата на граѓаните.
-Во согласност со резултатите, попозитивна проекција за иднината граѓаните имаат доколку СДСМ остане на власт. 31,4 отсто од испитаниците рекле дека состојбата ќе се подобри ако СДСМ остане на власт, а 24,9 отсто сметаат дека подобрување е можно доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. Ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, 37 отсто се плашат дека состојбата ќе се влоши, а истото тоа за СДСМ го мислат 34,2 отсто, се наведува во нивните резултати.
Од Институтот за истражување и развој „Стратум R&D“ објавуваат дека граѓаните сметаат дека Зоран Заев ќе биде премиер по изборите на 12-ти април.
Но, ако на некого му одговара СДСМ да остане на власт, а Заев да биде премиер, тоа сигурно е овој институт, а не македонските граѓани.
Компанијата земала грант од Фондот за иновации. Големата сума на пари која има легнато на нејзина сметка, изгледа компанијата ја правда со вакви анкети кои прикажуваат слика далеку од реалната.
Власта на Заев им дала пари, а тие нив како замена за услугата го бодрат во пресрет на изборите.