
Седум млади музичари, по пат на селективни аудиции, се избрани за настап со оркестарот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во Салонот на МОБ, в среда, во 20 часот, под диригентската палка на Ле Фи Фи.
Како солисти ќе настапат Ивана Јанаќиева (пијано), Мила Јаневска (сопран), Тамара Тодоровска (виолончело), Ева Богоевска (виолина) и Љубица Делева (виолина) од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје, Христијан Јовановски (кларинет) од ДМУ – Битола, и Демир Кантуровски (кларинет) од ДМУ „Сергеј Михајлов“ – Штип. На програмата се дела од Моцарт, Вебер, Брух, Сарасате, Мендес и Виењавски.
Влезот на концертот е бесплатен.