Мицкоски: Заев лично ги водеше реформите во судството, го замени Сваросвки судството со Луј Вутон судство

Јас можам да зборувам за она на што сум сведок. И се чудам на конфузната изјава на Заев кога вели дека не се согласува дека имале три години. Па тој лично го водеше телото за реформи. 
Многу е доблесно да кажете дека срте погрешиле, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот на телевизија Канал 5 со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според Мицкоски ја испушти шансата да каже дека дека направил пропуст
Не знам што е лошо тука да се признае нешто. Ако порано беше познато Сваровски судство денеска е Луи Витон судство. Последниот предлог за Судскиот совет, па таа е активист на СДСМ. И дента кога ја бираат таа не ги ни средила социјалните мрежи, рече Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека дополнително Заев го слушаме како се јавува и збори на телефон кој што да прави во судството. – Тоа го нема кај мене, такво нешто не моѓе да слшнете, посочи Мицкоски.