Бројот на заразените со новиот сој коронавирус Covid-19 во светот изнесува 84.117 лица од кои 2.870 починале во 59 земји и територеии, пренесива ноќта кон саботата агенцијата AFP повикувајчќи се на официјални извори објевнидо 18 часот во петокот, кога Светската здравствена организација (СЗО – WH) ја подигна опасноста на „многу висока“.
СЗО претходно во петокот го подигна ризикот врзан со коронавирусот на „многу вусоко“, што е највисокото можно ниво, откако заразата беше потврдена кај околу 79.000 луѓе во Кина и повеќе од 5.000 во другите земји ширум светот.
Од четвертокот од 18 часот до петокот во 18 часот забелеќано се 1.435 новозаразени.
Кина, освен Хонгконг и Макао, земја којашто е жаритештето на епидемијата, има 78,824 забилени од кои 2.788 почината. Во последното деноноќие од четвртокот кон петокот, регистрирани се нов 327 случаи и 44 смртни исходи.
Во другите земји во светот во петокот се забележани 5.293 заразени и 82 починати, со нови 1.100 инфицирани.
По Кина, најзафатена е Јужна Кореја со 2.337 случаи од кои 571 новозаболен, а 13 се починати.
Во Италија во петокот бројот на заразените со коронавирусот се зголеми на 888 луѓе, досега починале 21 лице а 46 биле излечени, објавија властите. Според официјалните резултати објавени во петокот, бројот од речиси 230 новозаболените главно е забележан во Ломбардија.
Властите на покраината Ломбардија ќе предложат превентивните мерки да останат уште еден седмица. По првите забележани случаи на коронавирус минатата седмица, владата во карантин смести околу 50.000 жители во десет градови во Ломбардија.
Во Иран има 388 заразени лица, од кои 143 новозаболени, а починале 34 лица. Јапонија, пак, објави за 210 заеразени, од кои 23 новоинфицирани, а 9 починати. Јапонските власти забележаа повеќе од 700 случаи на крузерот „Diamond Princess“, вкутвен во пристаништето Јокохама.
Нигерија, Исланд, Холандија, Сан Марино, Литванија, Азарбејџен, Белорусија, Нов Зеланд и Мексико се додани на листата земји во кои се регистрирани случаи на зараза со коронавирусот во последните 24 часа.
Во Нигерија, првата земја во субсахарска Африка која соопшти за случај на заразата, властите објавија дека позитивен е Италијанец кој пристигнал од Милано и патувал низ Нигерија две седмици, а пртходно бил во уште една држава.
Податоците кои ги објави AFP се собрани од надлжените државни власти и информации од СЗО.