Ердоган потврди дека за мигрантите се отворени границите кон ЕУ

Труција границите кон Европа ќе ги остави отворени за мигрантите да може да минат, потврди во саботата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, обинувајќи ја Европската унија дека не ѝ помага доволно на Анкара по прашањето на мигрантите.

„Нема да ги затвориме вратите“, најави Ердоган доавајќи дека 18.000 мигранти уѓште во петкот тргнале кон Европа, но оваа бројка медиумите не можат да ја потврдат.

Отворањето на границата за агенцијата Reuters уште во четвртокот го најави неуменуван турски функционер, истакнувајќи дека очекува масовно придвижување на бегалците од сириската покраина Идлиб, каде се наоѓаат милион раселени лица.

ЕУ се потпираше на Турција да го запре мигрантскиот бран откако во 2015 година во неа стасаа повеќе од милион мигранти и бегалци од Блискиот исток, поттикнувајќи остра политичка криза на европскиот континент.

Ердоган во саботата рече и дека од рускиот претседател Владимир Путин барал руските сили да е повлечат од сирискиот судир и да ѝ препушти на Турција самата да се бори против владата во Дамакс. Москва и Анкара во сирискиот судир поддрживаат спротиставени страни, руската владата на претседателот Башар ал-Асад, а турската воорижените сунитски опозициски бунтовници.

Во четвртокот во напад на сириската восја загинале 33 турски војници, по што Русија изрази жалење, но и укажа дека турските сили не го известиле рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија за нивното присуство во та подрачје, иако секојдевно комуницираат за своите активности и изведуваа заеднички  патролирања во зоната на деескалација во покраината Идлиб. Руското министерство за одбрана во петокот објави дека турските сили биле погодени од артелериски напад на сириските сили кои се обидувале да одбијат офанзива на бунтовниците, обајви агенцијата РИА.

Турција во петокот побара итен состанок на НАТО по ескалацијата на судирите во Сирија, по што Алијансата ги повија Русија и Сирија да ја запрат офанзивата во Идлиб. Меѓутоа, Грција ставила вето на заедничката изјава што се подготвувала да се издаде по синоќешниот состанок на северно атлантскиот совет на ниво на амбасадори, бидејќи САД, Велика Британија, Франција и Германија не се согласиле во текстот да биде вклучен и дел за бегалското- мигрантското прашање, објавија онлајн изданијата на грчките медиуми.

Според „То вима”, одлуката дошла по наредбата на шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, до постојаната делегација на Грција во НАТО, бидејќи во текстот на заедничкото соопштение не бил вклучен грчкиот предлог за почитување на Договорот од 2016 меѓу ЕУ и Турција за бегалското/ мигрантското прашање. Kathimerini, пак, пишува дека турската страна, на состанокот го споменала бегалското прашање, објаснувајќи дека не може да се грижи за четири милиони бегалци и мигранти кои што се наоѓаат во внатрешноста на земјата, а САД, Британија, Германија и Франција покажале целосно разбирање за позициите на Турција.

„Впечатлив е фактот што, освен претставниците од Грција, никој од останатите не го постави прашањето за присуството на турските вооружени сили во операција надвор од нејзините граници“, пишува Кathimerini.

Сириската војска со воздушна поддршка на руските сили се обидува да ја врати контролата над целата северозападна покраина Идлиб, последното упориште на бунтовниците, каде се засолнати и милитантите на џихадистичките групации на десетина километри од границата со Турција.

Во своето прво јавно обраќање по најгломето страдање на турски војници во последните неколку децении, Ердоган рече дека Турција уништила неколку илјади сириски војници и неколку воени цели, наводно и погони за изработка на хемиско оружје.

„Занчајно се бомбардирани и уништени неколку локации, вклучутелно писти, магацини за мунициа, противвоздушни системи, хангари и погодини за производство на хемиско оржује. Од вчера навече уништени се и седум складишта со хемиски материи“, рече Ердоган кој тврди дека се убиени повеќе од 2.100 сиртиски вијници, и оти се уништени околу 300 воени возила.