ВМРО-ДПМНЕ најавува нов скандал поврзан со министерот за здравство Филипче

Нов скандал поврзан со министерот за здравство Венко Филипче ќе биде обелоденет во недела на прес-коференција на опозицискта ВМРО-ДПМНЕ, најави во саботата вечерта нејзиниот портпарол Наум Стоилковски.

 

„Нов скандал поврзан – со кого ако не се Венко Филипле“ објави Стоилковски на својот фејсбук профил.

Притоа најави дека поединостите ќе бидат соопштени на јавноста на прес-конференција во недела, која ќе може да се следи и во живо преку стрим на фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ