
Пакистанските спасувачи денеска пронајдоа уште седум тела во зградата на аеродромот во Карачи, со што бројот на жртвите е зголемен на 34, соопштуваат пакистанските власти.
„Телата се јагленосани и затоа е идетнификацијата отежната“, велат службениците.
Најголемиот аеродром во Пакистан по нападот од талбанските милитанти продолжи со работа.
Меѓу жртвите се и десетте напаѓачи.
Пакистанските талибанци соопштија дека нападот е извршен со цел да се одмаздат за убиството на својот лидер минатата година.