Франција пријави нов смртен вирус од коронавирусот

Уште еден смртен случај на лице заболено од новиот сој коронавирус Covid-19 во Франција, со што бројот на жртвите се зголеми на три

Смртниот случај е регистриран во областа Оаз, со што во ова подрачје тоа е второ лице кое што починало од вирусот. Претходно, почина 60-годишниот наставник, кој пред тоа беше на лекување во Париз. Новата жртва е лице на осумдесетгодишна возраст.

Според градоначалникот на Компињ, Филип Марини, починатото лице личност „страдало од неколку други заболувања“.