
Најскапата недвижнина во Србија продадена минатата 2019 година била куќа во елитната белградска населба Дедиње на познатата „Ужичка улица“ за која новиот сопственик платил 4,5 милиони евра, објави во понеделникот српскиот Републички геодетски завод (РГЗ).
„Оваа улица која со децении важи за симбол на моќта, богатството и влијанието, очигледно и натаму претставува една од најатрактивните локации во Белград“, објасниле од РГЗ, пренсува електорнското издание на дневниот весник Политика.
Покрај Дедиње, според истиот извор, како традиционално атрактивна локација, во Србија од почетокот на неговата изградба се наметнал и контроверзниот владин проект „Белград на вода“.
На споменатата локација продаден е најскапиот стан во Србија, чијашто вреност изнесувала 1.319.888 евра, а квадратен метар од овој стан бил платен 8.683 евра,.
„Дека во Србија има кој да плати за толку скапи станиви покажуваат податоците од РГЗ, меѓу кои е евридентирано неколку договори со слични постигнати цени“, додаваат од инстутцијата.
Иако новоградбата на периферијата од српската престолнани има своите предност, како што забележува весникот, центарот на Белград, поточно објектите кои гравитираат околу Плоштадот на Републиката и Улицата на кнезот Михајло, сепак држат високи цени. Така, иако е старогадба, на Обилиќевиот венец е купен стан по цена од повече од 6.000 евра за квадратен метар.