Деветти случај на коронавирус во Хрватска

Хрватските здравствени власти соопштија дека е потврден уште еден, деветти случај на лице заразено од коронавирус.

Заразениот човек е од Вараждин, а се работи за возач кој патувал во северниот дел на Италија, пренесуваат хрватските медиуми.

Досега во Загреб се регистрирани три случаи на коронавирус, а најмногу се од Риека, пет.

И покрај растот на бројот на лица заразени со Ковид-19, властите се уште немаат издадено забрана за јавни собири, но има препорака до сите оние кои бил во местата каде има заразени луѓе да не доаѓаат на јавни собири.

Овие апели се однесуваат на оние кои престојувале во Кина, Јапонија, Сингапур, Јужна Кореа, Иран како и италијанските региони Ломбардија, Венето и Пиедмонт.