Знаци дека сте во врска со погрешен човек

На почетокот на врската речиси сите на партнерот гледа низ розови очила. Толку го идеализираме поради што ги занемаруваме дури и очигледните мани. Но, кога во еден момент ќе почнете реално да гледате на својата врска, постојат работи кои никако не би смееле да ги занемарите.

Експерите во областа на љубовните врски и бракот одредија 10 работи кои сигурно ќе ви укажат дека треба да бидете загрижени околу иднината на својата врска.

1. Имате потреба да се промените за да го направите вашиот партнер среќен

Сите ние малку се менваме кога ќе стапиме во врска и тоа е нормално. Проблемот настанува кога ќе почувствувате потреба да се промените во голема мерка само за да го направите својот партнер среќен.

Ако е потребо да промените клучни работи во својата личност за да бидете по мерка на својот партнер, можеби дошло време да размислите за раскинување.

2. Го браните својот партнер пред семејството и пријателите

Секако дека вашето момче не може да му се допаѓа на сите онолку колку што вие би сакале. Но, би требало да се замислите ако не му се допаѓа на никој од вашите блиски луѓе. Кога сите ваши пријатели и членови на семејството се загрижени поради вашата врска, застанете и реално погледнете.

3. Константно вперување со прст и критикување – дури и низ шега

Ако критичноста на вашиот партнер почнува да влијае на вашата самодоверба, време е да му се спротивставите. Понекогаш критиката може да биде позитивна, но постојаното критикување секако дека не е позитивно.

4. Секогаш се прашувате што прави вашиот партнер кога не сте со него

Не морате да го знаете секој чекор на вашиот партнер, но би било убаво да сте речиси секогаш упатени каде е кога не е со вас и што прави. Сосема е нормално некој да сака да ги подели своите планови со лицето кое го сака.

5. Вашиот партнер ги носи сите важни одлуки во врската

Секогаш се гледате само кога нему му одговара и се дружите само со неговите пријатели и семејство? Престанавте така често да се гледате со пријателките и со кои претходно секојдневно сте се гледале?

Ако вашиот партнер е тој кој, посредно или непосредно, одлучува за се’, време да е да ја преиспитате својата врска.

6. Вашиот сексуален живот е сериозно запоставен

Сексот не треба да биде најважен во врската, но врската не може да биде добра без сексот. Ако личноста ги има сите други квалитети кои сакате да ги има вашиот партнер, посетете сексуален терапевт. Пробајте некои нови трикови и видете дали ќе се појави хемија.

Сексуалната поврзаност е неопходна за успех на долгите врски. Ако не ви оди сексот, секогаш може да останате пријатели.

7. Потребно ви е повеќе време за себе, а вашиот партнер сака да поминувате повеќе време заедно

Ви недостига да поминете некое време сами. Во меѓувреме вашето момче ќе се жали како сака да поминува повеќе време со вас. Голем проблем е ако двајцата не сакате исто, па или тоа разјаснете го или разделете се.

8. Се чувствувате лично одговорни за среќата на својот партнер

Ако вашиот партнер почне да се потпира само и исклучиво на вас, наместо на себе, тоа со време може да направи голем притисок.

Вие не треба да „одите по јајца“ за тој да биде задоволен, туку тој треба да најде начин да се усреќи и без вас. Врската не треба да биде оптоварување.

9. Вашиот партнер одредува со кој ќе се гледате и што ќе правите 

Ситуацијата е сериозна ако забележите дека вашиот партнер одредува со кој смеете да се гледате, кога и колку, колку смеете да трошите или како да се облекувате. Ниокј не треба да биде газда во врската. Со такви треба што побрзо да раскинете.

10. Често се прашувате дали сте со вистинската личност

Се случува многу луѓе да ги забележат знаците кои им говорат дека не се во врска во каква што сакаат да бидат, но ги игнорираат. Ако некогаш се прашате дали сте во вистинска врска, застанете и добро размислете за се’.

Размислете за тоа што вам ви пречи и видете дали и преку тоа можете да преминете. Ако одговорот е негативен, знаете што треба да направите.