
Политиката на Европскат унија (ЕУ) усмерена е против реализацијата на проектот Јужен тек и може да се смета за преод кон економски санкции против Русија, рече денес за Итар Тас, претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чизов, пренесоа медиумите.
Тој го сврте вниманието на тоа дека владата на Бугарија на 8-ми јуни одлучила да ги сопре работите на Јужен тек после разговорите со група американски сенатори, меќу кои и со Џон Кери, познат по својот негативен став кон Русија.
„Изјавата на американскиот амбасадор во Софија, која следуваше откако беше донесена одлуката, покажува дека оние кои ја обвинуваат Русија дека ја користи енергијата како средство за притисок најпрво би требало да се погледнат во огледало“, рекол Чизов.
Што се однесува до тврдењето на Европската комисија (ЕК), таа досега само изразила сомнеж дека условите на тендерот биле во склад со европските норми за заштита на конкуренцијата.
„Не знам детали од договорот и точните услови на тендерот, но се сомневам дека бугарските правници би направиле таков пропуст“, додал рускиот претставник. Според неговите зборови, се работи за „чисто политичка одлука“.
Во Бугарија на тендерот за изградба на Јужен тек победи конзорциумот од неколку бугарски компании и рускиот „Стројтрангас“, потсетува Итар Тас. „Стројтрангас“ се наоѓа на американскиот список за санкции против Русија, но го нема на истоиветниот список на ЕУ, истакнал Чезов. Според него, таа ситуација станала „тест на способноста на ЕУ да води независна политика од САД.“ Рускиот претставник не ја исклучил можноста оваа тема да биде на дневен ред наредните средби на Европската комисија и руското министерство за енергетика.
Чизов смета дека блокирањето на реализацијата на проектот Јужен тек, Европската комисија ги предупредува земјите кои сакаат да склучат договори за приклучување кон ЕУ.
Тој укажал дека владата на Бугарија била изложена на исклучително голем притисок пред да се согласи на замрзнување на подготовките за изградба на Јужен тек.
„Напоменувам дека ЕК така постапила со земја која е полноправен член на ЕУ. Во таа смисла, тоа е сигнал за земјите кои претендираат на статус за придружување на унијата, што подразбира значајно помали можности за останување на својот став. Се надевам дека овој сигнал ќе го слушнат во Киев, Тбилиси и Кишњев.“, рекол Чизов.
Молдавија и Грузија имаат намера на самитот на 26 и 27 јуни да потпишат договор за приклучување кон ЕУ, а Украина се надева дека ќе го потпише економскиот дел од документот. Според договорот, тие земји мораат да ги ускладат своите закони со нормите на ЕУ и потполно да го отворат пазарот за европската роба, наведува Итар Тас.
Владимир Чизов оценил дека блокирањето на Јужен тек е врзано за кризата со Украина. Конкретно, тој навел дека во „неодамнешното интервју за германските медиуми, комесарот на ЕУ за енергетика Гинтер Етингер, директно го поврзал прашањето на изградбата на Јужен тек со ситуацијата во Украина“
Јужен тек безусловно има директно влијание на Украина, бидејќи, штом се реализира, таа земја ќе го изгуби својот монополистички транзитен статус, укажал рускиот представник во ЕУ, Чизов.