Во натпреварувањето меѓу социјалдемократите и нивните прврзаници кој повеќе може да ја употреби придавката „Северна“ кога се sпоменува Македонија, се вклучи и Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии. Меѓутоа, веднаш беше, во најмала рака „коригиран“ од професор од реномираниот универзитет Окфсорд за кого „Северна Македонија“ не постои.
Поточно, Стојковски во статус на социјалните мрежи напишал дека рисот живее во делови од Северна Македонија:
Меѓутоа веднаш добива научна и поучна „по тилот“ од Англичанец, реномираниот професор Џејмс Петифер кој на Оксфорд предава балканска историја, а кој го засрамува нашиов „интелект“ со кусата и јасна забелешка: „Рисот живее во Македонија. Северна Македонија не постои“…
На следниот линк „За оние кои не одат подалеку од насловот“ може да прочитате за уште една „интелектуална провала“ на споменатиот Андреја Стојковски од „Еуротинк’.