
Професорот Трајко Славевски во дебата со министерката за финансии, Нина Ангеловска во емисијата „Топ Тема“ изрази сомнеж за подготвеноста на власта да се справи со глобална рецесија во налетот на пандемијата на новиот коронавирус.
-На надеж да темелиме очекување дека ќе можеме да се справиме со некои посериозни последици од ширењето на новиот коронавирус по глобалната, балканските, европските економии и на крај нашата земја, мислам дека не е паметна политика. Надежта дека нема да се случи некој поголем шок за македонската економија не е план. Имено оваа пандемија на коронавирусот го забрзува надоаѓањето на глобална рецеција за која што има навестување уште од минатата година, германската автоиндустрија, услугите во најголемата европска економија итн. Ние сме го виделе тоа и претходно во услови на екстерен шок кој што не е невозможен приходите може многу брзо да колабираат, извозот колабира, забавува економската активност и мораме да имаме план. Треба да сме подготвени и за најсериозното сценарио зашто може да се случи и некои компании да престанат со работа, да се најдат во неликвидност, рече Славески во „Топ тема“.