(ФОТО) Мафијашко убиство во Подгорица, крвавата пресметка продолжува

Од местото на експлозијата во Подгорица (Foto: Savo Prelević)

Бомба поставена под автомобил го усмртила во средата вечерта жителот на главниот град на Црна Гора, Ѓорѓе Божовиќ, и тешко го ранила Александар Кековиќ, кој бил со него во автомобилот, а станува збор за продолжување на крвавата пресметка меѓу црногорските криминални кланови.

Според црногорските медиуми, двајцата биле „лица од интерес на бвезбедносните служби“, и блиски на ткн Шкаљарски криминален клан од Котор.

Во болница во Подгорица биле примени и две жени, работничка во продавницата пред којашто експлодирал автомобилот, како и жена којашто го паркирала своето возило пред продавницата.

Војната меѓу „Шкаљарскиот“ и „Кавчашкиот“ кланот, кои називите ги добиле според предградијата на Котор во кои живееле нивните водачи, започна кон крајот на 2014 година откако во шпанското пристаниште Валенсија исчезна товар со 200 килограми кокаин. Во оваа „мафијашка војна“ ширум Европа досега се убиени повеќе од 40 луѓе, меѓу кои се и случајни жртви.

Двојното убиство коешто ја иницираша новата крвата низа пресметки се случи на 19-ти јануари во грчката престолнина Атина, каде во еден ресторан пред многу гости и нивните семејства беа убиени Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ, за коишто полицијата верува дека се во врвот на криминалната пирамира на Шкаљарскиот клан. Од тогаш во Црна Гора се случија четири мафијашки убиства, вклучително и вечерашново.