Во Словенија во средата е откриен првиот случај на зараза со новиот сој коронавирус Covid-19, соопшти на својот профил на Twitter словенечкиот премиер во заминување на Марјан Шарец.
Министерот за здравство, Алеш Шабедер, во кусата изјава за медиумите рече дека за првиот случај биле известени вечерва во 20,44 часот и дека тоа е првиот потврден случај во Словенија.
Станува збор, како што рече, за 60-годишен пациент кој допатувал од Мароко кој го посетил својот личен лекар кој го препратил на инфективна клиника во Љубљана, каде што му е земен бриз и направен тест на љубљанскиот Институт за микробиологија и имунологија кој бил позитивен.
Словенечката влада вечерва објави дека се утврдуваат контактите на заразениот, за да се спречи ширењето на болеста, а пациентот е сместен на љубљанската инфективна клиника.