Фудбалерите на Реал Сосиедад по 32 години чекање се пласираа во финалето на шпанскиот Куп на кралот,.
Реал Сосиедад го избори финалето откако во реванш натпреварот во полуфиналето на гостувањето го победи второлигашот Мирандес со 1:0, потврдувајќи ја победат од првиот меч на домашен терен од 2:1.
Победникот го реши голот на Микел Ојарзабал во 42 минута од пенал.
Екипата од баскискиот Сан Себастијан во финалето ќе игра со подобриот од двомечот Гранада – Атлетико Билбао. Атлетик во првиот меч славеше so 1:0, а реваншот е во четврток во Гранада и може да се случи „баскиско финале“ во Копа дел реи.
Реал Сосиедад во досегашните седум финални настапи, триумфирал во две – пред повеќе од еден век 1909 и во 1987 година, а последното финале го играше во 1988 година.