По чевртолигашот Саарбрикен и минхенски Баерн, пласман во полифиналето од германскиот фудбалски куп изорија и Баер Леверкузен и Ајнтрахт од Франкфурт.
Ајнтрахт оствари домашна победа над Верден со 2:0, додека Баер во Леверкузен го совлада Унион Берлин со 3:1.
Ајнтрајхт поведео во последните секунди од првото поливреме со голот на Андреа Силва од пенал, откако во својкот шеснаесетник со рака играше Лудвиг Аугистинсон, а по прегледување на ВАР-от. Прашањето на победникот го одговори Даичи Камада во 60 минута. Во судиското продолжение Ајнтрахт остана со играч помалку, откако поради груб прекрпшок беше исклучен Филип Костиќ.
Во претходно одиграниот натпревар Баер Леверкузен го победи Унион Берлин со 3;1, иако до 71 минута беше во заостанување од 0:1.
Унион Берлин поведе во 39 минута преку Маркус Ингвартсен,а веројатно клучниот момент на мечот се одигра во 71 минуа кога гостите останаа со ирач помалку, по исклучувањето на Кристофер Лопез.
„Аптекарите“ со играч повеќе испеаја да направат пресврт и до крајот на мечот постигнаа три погодока, преку Карим Белараби во 72, Карлес Арангуиз во 86 и Муса Диаби во првата минута од судиското продолжение.
Во вторникто четвртолигашто Саарбрикен направи големо финале совладувајќо го првполигашот Фортуна од Диселдорф со 7:6 по пеналите, иако до 90 минута од регуларниот дел имаше водство од 10. Баерн Минхен, пак, со 1:0 на гости го победи Шалке.