
Хавиер Перез де Куељар, перуански дипломат и генерален секретар на Обединетите нации во периодот од 1982 до 1991 година, починал во средата вечерта во Лима во стотата година од животот, објави неговиот син.
„Татко ми почина во 8,09 часот (2,09 во четвртокот наутро по средноевропско време) , откако последните седмици тешко боледуваше. Нека почива во мир“, изјавил Францискот Перез де Куељар за перуанското радио RPP.
Хавеир Перез де Куељар, дорен во Лима во 1920 година, беше петтиот генерален секретар на ОН, од каде на 19-ти јануари по повод стотиот роденден му беше упатена честитка.
„Со голема гордост и радост му го честитам стотиот роденден. Често размислува за него и неговото искуство кои ме вдахновуваа и водеа“, напиша тогаш сегашниот генерален секретар на ОН, Антониот Гутереш во пораката на Twitter.
Во десетте години на должноста генерален секретар на светската организација, Перез де Куељар имаше обичај да истакнуа дека го извршува „претседатеслстувањето на светот“ во што најважна му беше пацифистичката задача.
Вложуваше напори за прекин на огнот во војната меѓу Ирак и Иран (1980-1988), ги организираше мировните преговори во граѓанската војан во Салвадор (1972-1992), вложуваше напори во ослободување на американските заложници во Либан и постигнување мировен договор во Камбоџа. За свој најголем успех на должноста во ОН ја сметаше независноста на Намибија во 1990 година, една од последните колонии на африканскиот континент.
„Неговиот мандат на генерален секретар се совпадна со две различни епохи на меѓународен план: во прв ред во некои од најтензичните години на Студената војан, а потоа со крајот на идеолошката конфронтација, во моментот кога Обединетите нации ја преземаа во полн обем улогата каква ја замислија нивните основачи. Неговиот живот не се протега само на еден век, туку и на целата историја на Обединетите нации“, напиша Гутереш.
Хавиер Перез де Куеаљар од 22-ри ноември 2000 годи 28-ми јули 2001 година во Перу ја извршуваше должноста претедател на министерскиот совет и министерот за надворешни работи во преодната влада на Валентин Паниагва, на претседателските избори на кои повторено беше избнран Алберто Фуџимори.