Порталот Република повторно на удар на власта и судството на Заев

Владејачката партија СДСМ со помош на судството кое работи по нивна директива, врши преизборна медиумска хајка против медиуми врз кои нема контрола. Како се приближуваат предвремените парламентарни избори, така се зголемува притисокот врз медиумите, се нижат пресуди, казни, обвинувања, закани, како и уцени на дневна основа, пишува Република.

По пресудата со шестмесечната затворска казна или условна казна од 2 години за уредникот на Инфомакс, Александат Митовски, којшто е прв ваков пример во Европа, судиот во текот на вчерашниот ден со уште една нелогична пресуда и притоа наложување Република да ги сноси трошоците на тужената страна во постапката во висина од 135 357 денари. И покрај изнесените клевети и лаги судот донесе ослободителна пресуда за скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој наводно, не сакал да оцрни медиум, туку погрешно бил разбран.

Целиот текст на Република.