Во дом на арачиновец пронајден пиштол

Полициски службеници во текот на ноќта извршиле претрес во домот на Б.Б. (38) од село Орланци, општина Арачиново.

– При претресот биле пронајдени еден пиштол „Зораки-М-906“ со рамка со шест куршуми и уште два куршуми. Претресот бил извршен по претходна пријава на неговата ќерка за семејно насилство и закана со пиштол. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.