
Бројот на заболените од новиот сој коронавирус Covid-19 во Франција за последното деноноќие се зголемил за еден и пол пат, соопшти челникот на Генералната дирекција за здравство, Жером Саломон.
Бројот на заразените во Франција за последните 24 часа се зголемил за 336 лица. Со тоа, вкупниот број потврдени случаи на коронавирус во земјата достигна 949 лица.
Според Саломон, како последица од заразата починале 16 пациенти.
„Починати се 11 мажи и пет жени, од кои 12 лица повозрасни од 70 години“, го цитира Саломон France Info. Додал дека 45 пациенти се наоѓаат на одделите за интензивна нега.
Саломон истакнал декеа е „неизбежно“ преминувањето на Франција кон „третиот стадиум“, односно епидемија од коронавурусот. Засега во здравствените власти ја оценуваат ситуацијата како втора фаза, односно умерен ризик.
Во парискиот регион Ил-де-Франс бројот на заболените од коронавирусот е 178 лица, се наведува во соопштението на регионалната агенција за здравство. Во престолнината Париз, пак, потврден е 31 сличај на зараза.