
Али Ахмети, Талат Џафери, Беким Незири, Арбр Адеми и Изет Меџити се имињата на носителите на кандидатската листа на ДУИ кои неофицијално ќе трчаат на претстојните предвремени парламентарни избори.
Оваа информација ја пренесе Алсат повикувајќи се на сопствени извори.
Како што се наведува носител во шестката ќе биде лидерот на партијата Али Ахмети, додека во петката ќе се трка донеодамнешниот собраниски спикер Талат Џафери.
Во третата изборна единица се споменува името на Беким Незири, додека во втората ќе трча актуелниот министер за образование Адеми.
Првата изборна единица останува за Меџити.