
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека по изборите ќе ја разреши директорката на Клиниката за кожни болести, која е заразена со коронавирусот откако по престојот во Италија наместо да се јави на преглед, една недела одела на работа.
– Многу сум разочаран оти директорката одела на работа по враќањето од Италија. По изборите директорката ќе биде разрешена – рече Филипче и додаде дека Клиниката ќе биде зтаворена 14 дена.
– Апелирам до сите кај кои е препишана мерката домашна изолација да внимаваат. Загрозувањето на јавното здравје е многу сериозен прекршок и никој нема да биде поштеден – изјави Филипче.